Q3 Sportback

 
 
Audi Q3 Sportback Heckansicht

Екстровертно SUV Coupé

Audi Q3 Sportback ги комбинира естетиката и емотивноста на Coupé со моќта и функционалноста на SUV возило.

Брз конфигуратор

Комбинирајте различни бои и тркала и искусете го Audi Q3 Sportback во интерактивниот 3D приказ.

Омилени предлози за конфигурирање

Основно

Q3 Sportback 35 TDI

  • Пакет за технологија
  • Опрема за приколка
  • LED фарови

S line

Q3 Sportback 40 TDI quattro S line ext.

  • Материјал Index со спортско седиште

Прогресивен дизајн

На предниот дел на Q3 Sportback доминира големата Singleframe решетка во дизајн на октагон и страничните отвори за воздух. Странично, јасно се гледа силуетата слична на Coupé. Задниот дел се карактеризира со течно опаѓачка кровна линија, ниско задно стакло и остро засечени задни светла. Може да ја прилагодите надворешноста по ваш вкус. Ако ја изберете опционалната линија на опрема S line16, вашиот Audi Q3 Sportback ќе биде испорачан, меѓу другото, со браници во контрастна боја, тркала од лесен метал во дизајн S со 5 V краци и осветлени прагови на вратите со алуминиумски вметоци напред и натписот S.

Уживање при возењето – сериски

Audi Q3 Sportback е опремен со неколку технологии кои ја зголемуваат динамиката на патот.

Варијабилен и функционален

Клупата со задни седишта plus нуди простор за три лица и може да се поместува по должина за 130 милиметри; нејзините трократно поделени потпирачи за грб може да се накосуваат во седум нивоа. Волуменот на багажниот простор се движи од 5302 до 1.4002 литри. Електричната задна врата14 може лесно да се отвори со движење на ногата.

Учествувајте во оформувањето

Изберете од различните пакети за внатрешноста, на пример дизајн за внатрешноста selection14. Тој ги вклучува спортските седишта напред, пакетот за амбиентално осветлување plus и декоративните вметоци во Aluminium Dimension темна боја.

Лично наместо обично

Фасцинантни фотографии или познати филмски херои: во вашата myAudi апликација15,16 во делот Тематски свет14,15 едноставно изберете ја вашата омилена слика и истата нека се прикаже како позадина во ММИ. Убав ефект: пакетот амбиентални светла plus14 автоматски ја приспособува атмосферата на бои на мотивот.

Напомена: илустрацијата е од Audi A6 Avant17. Позадина во ММИ: © Thomas Hoepker – Magnum Photos

Audi exclusive

Направете го вашиот Audi Q3 Sportback инспиративен уникат, исто толку карактеристичен како што сте вие ​​– со Audi exclusive. Со избрани декоративни елементи, кожа во боја и индивидуална боја од широк спектар на бои. Токму онака, како што сакате.

Audi Q3

Потрошувачка на гориво комбинирано1: 5-9,4 l/100km (WLTP)

Информации за потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂ во опсези во зависност од употребениот комплет гуми/тркала. Забелешка: надворешниот лак е достапен само како опционален индивидуален лак на Audi exclusive.