Q2

 
Audi Q2 seitliche Heckansicht

Динамичен дизајн, извонредно уживање при возењето

Audi Q2 – урбаниот SUV импресионира со својот моќен дизајн, разновидна понуда за инфо-забава и динамична технологија на подвозјето.

 

Брз конфигуратор

Комбинирајте различни бои и тркала и искусете го Audi Q2 во интерактивниот 3D приказ.

 

SUV со агли и рабови

Впечатливо силен по карактерот – дизајнот на предниот и задниот браник и динамичните, ексцентрични линии му го даваат на Audi Q2 моќниот изглед. Благодарение на линиите на опрема advanced и S line, како и новите дизајни на тркалата и надворешните бои, секој Audi Q2 има свој личен изглед.

Подготвен да тргнете

Audi Q2 обезбедува одлична забава при возењето благодарение на моќниот погон и иновативните технологии.

Внатрешност

Внатрешниот простор на возилото со S line2 за внатрешноста и спортски седишта во Feinnappa кожа во црна2 боја импресионира со постојаното фокусирање кон спортскиот изглед.

Практично и просторно

Волуменот на багажниот простор изнесува до 1.050 литри откако ќе се спуштат потпирачите на задните седишта. Пакетот за складирање и багажен простор2, како и задната врата2, која можете да ја отворате и затворате електрично, обезбедуваат уште поголема удобност при товарењето и растоварувањето на возилото.

Audi exclusive5

Индивидуално возило кое одговара на вашата личност. Audi exclusive5 нуди широк спектар опции за дизајн за вашиот Audi Q2, како што е индивидуалниот лак на Audi exclusive5 во Merlin бисерен ефект.