Доделени наградите Златно Тркало 2024

Новиот Audi Q8 доби наградата за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.

Audi Q8 го претставува врвот на луксузот и перформансите, комбинирајќи извонредна изработка, врвна технологија и неспоредлив комфор. Неговиот моќен дизајн и напредните карактеристики ги воодушевија ентузијастите и експертите, со што ја заслужи наградата Најпосакуван Премиум Автомобил 2024.

„Новиот Q8 го претставува врвот на посветеноста на Audi за луксуз, перформанси и технолошки напредок. Го отелотворува духот на нашиот бренд за континуиран напредок и редефинирање на автомобилската извонредност. Неверојатно сум благодарна на ценетата публика што ги препознаа исклучителните квалитети и придонесите на Q8 во автомобилската индустрија. Оваа награда е доказ за неуморните напори на нашиот тим и нивната постојана потрага по совршенство.“ – изјави Бренд Менаџерот за Audi, Весна Бошнаковска при примањето на наградата.