A8 L

 
Audi A8 L Innenraum

Извонреден слободен простор

Во Audi A8 L, располагате со комфорен и екстра голем внатрешен простор со висок степен на комфор на седиштата во задниот дел.

Вистинската големина доаѓа однатре

Новиот Audi A8 L располага со висококвалитетен и продолжен внатрешен простор со особено висок степен на удобност при седењето. Со комфорното индивидуално контурирано седиште со функција за мирување4 за десната задна страна, го имате речиси идеалното место за работа и одмор додека сте во движење.

Audi Application Store во вашиот Audi

Користете избор омилени апликации како на пр. Spotify или YouTube директно на ММИ во вашето возило – без заобиколување преку паметен телефон. Со Alexa7, гласовниот асистент на Amazon, може на пр. да слушате вести, да повикате временска прогноза или спортски резултати, да вршите стриминг на музика и многу повеќе.

Лично наместо обично

Фасцинантни фотографии или познати филмски херои: во вашата myAudi апликација11,12 во делот Тематски свет11,4 едноставно изберете ја вашата омилена слика и истата нека се прикаже како позадина во ММИ. Убав ефект: пакетот амбиентални светла plus4 автоматски ја приспособува атмосферата на бои на мотивот.

Напомена: илустрацијата е од Audi A6 Avant10. Позадина во ММИ: © Thomas Hoepker – Magnum Photos

Размилете за поголемо

Новиот Audi A8 L во Firmament сина металик4 отелотворува исклучително широк слободен простор, повеќе простор за главата и нозете. Подолго меѓуоскино растојание и поголеми врати – дизајн на врвната класа.

Прецизен. Динамичен. Непогрешлив

Инспирирајте се од следната генерација на технологија на светла. Со опционалните дигитални Matrix LED фарови4 или сериски OLED задни светла. Покрај тоа, може да бирате меѓу две форми на задните светла. Во зависност од возниот режим, формата на светлото се прилагодува кога возилото е во мирување.

Уникатни со Audi exclusive16

Направете го вашиот Audi A8 L уникатен, исто толку незаменлив како што сте и вие ​​– со Audi exclusive16. Со избрани декоративни елементи, кожа во боја и индивидуален лак од широк спектар на бои. Токму онака, како што вие сакате.

Разновиден како и животот

Вашето возило ќе стане вашата бизнис лимузина со оригиналните додатоци17 на Audi. Со технички карактеристики и визуелни акценти, можете лесно да го прилагодите на новите потреби. Повторно и повторно.